Во Хрватска, во текот на ноќта, беа регистрирани два земјотреса. Првиот бил околу два часот по полноќ со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, пренесува Индекс.хр.
Според наводите на сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Хрватска, епицентарот бил 12 километри југоисточно од Макарска, во близина на Селце кај Богомље на островот Хвар.
Вториот земјотрес сеизмолозите го забележале во 04.14 часот и тој бил со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар кај селото Вратечко, 11 километри западно од Петриња.
Лани на 29 декември Хрватска ја погоди силен земјотрес кој одзеде седум животи и уништи голем дел од Петриња, Сисак и Глина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.