Европската Комисија потврди дека утре ќе се одржи нова рунда од преговорите помеѓу Косово и Србија во Брисел.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, портпаролите на Европската kомисија денеска биле во можност да потврдат дека средбата ќе се одржи откако две недели ситуацијата на северот на Косово ескалира.

Деескалацијата е главен приоритет, а вториот е враќање на ситуација во позиција каде што се разговара за сите отворени прашања во рамките на дијалогот за нормализација на односите. Сите проблеми треба да се дискутираат во рамките на дијалогот што го олеснува ЕУ. Позиција на целата ЕУ е дека двете страни треба да ги решат прашањата во рамките на дијалогот за да се постигне правно обврзувачки договор за нормализација на односите и да се избегнат вакви ситуации во иднина – изјави Петер Стано, портпарол за надворешни работи на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.