Во последните 24 часа во Србија починале 17 пациенти, a од 14.116 тестирани граѓани за инфицираност со коронавирусот, позитивни биле 3.499.
Во моментов 158 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ Србија.
Министерот за здравство Златибор Лончар по состанокот со директорите на ковид-болниците во Србија изјави дека здравствениот систем е пребукиран. Лончар потврди дека Владата на Србија разгледува нови мерки на предлог на Кризниот штаб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.