Излезните анекти на истражувачката агенција Alpha Research партијата ГЕРБ има тесно водство со 24,8 отсто од гласовите, а според агенциајта Gallup International, новата фракција Ги продолжуваме промените е во водство со 25,7 отсто, а во другите излезни анкети ГЕРБ има водство од 23,5 до 24,7 отсто од гласовите.

На претседателските избори кои исто така се одржаа во неделата, сегашниот претседател Румен Радев, кој е строг критичар на лидерот на ГЕРБ, поранешниот премиер Бојко Борисов, води со повеќе од 49 отсто од гласовите, пред кандидатот на ГЕРБ-СДС, Анастас Герџиков со 26,5 отсто.

Неделните парламентарни избори се третите во една годин, откако на последните избори одржани во јули во Народното собрание ниедна фракција не успеа да состави владејачко мнозинство.

Борисов отстапи од премиерската должност откако неговата партија имаше лош резултат на првите избори годинава во април. Но и по априлсите и по јулските избри ниедна коалиција не успеа да состави влада која ќе ја наследи онаа на Борисов кој речиси десет години беше на власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.