Утринава на автопатот Белград-Ниш се случила тешка сообраќајна несреќа. Дел од повредените се борат за живот во Клиничкиот центар во Ниш. Станува збор за девет лица, од кои четири се деца.
Како што пишуваат српските медиуми, еден од возрасните патници е интубиран и има има повреди опасни по живот.
Три девојчиња и едно момче (на возраст од 4, 14, 15 години) се исто така тешко повредени во несреќата, а едно од девојчињата е на интензивна нега и, како што информираат од Клиничкиот центар-Ниш, било на скенирање на главата.
Несреќата се случила во близина на Трупалски шуми, на околу десет километри од Ниш, кога патнички автомобил БМВ со швајцарска регистрација, управуван од 21-годишник, најверојатно во обид да го престигне, удрил во комбе управувано од турски државјанин. БМВ-то е целосно уништено при судирот во предниот дел кај моторот, додека комбето е оштетено во задниот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.