Голем број на испитаници во Бугарија, речиси 84 отсто бара од Владата на Борисов да не дозволи почеток на преговорите на Македонија со Европската унија се додека Скопје не ги признае јазичните и идентитетските бугарски корени, покажува истражувањето на БГнес.

Само 10,2 проценти од Бугарите сметаат дека Софија треба да ја поддржува Македонија независно од однесувањето кон фактите од историското минато.
Над половина од анектираните, односно 54,1 %, рекле дека Бугарија треба да го признае современиот Македонски идентитет само ако Македонија признае дека на почетокот од 20 тиот веќе голем дел од населението се самоопределувало како бугарско, а новиот идентитет започнува по 1944 година, без да ги засега граѓаните на Бугарија и нивните предци.

Речиси една третина, односно 29,5% се против признавањето на Македонскиот идентитет, а „за“ се само 6,10 проценти..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.