Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во интервју за Бугарското национално радио изјави дека ова се првите чекори во одмрзнувањето на односите меѓу Македонија и Бугарија, откако тие достигнале прилично безнадежна точка на развој.
-Со напорите на Европската Унија, мора да се најде решение за обете земји, за да се исполни Договорот за добрососедство од 2017 година и при тоа да не се избрише меморијата ниту на Бугарија, ниту на Македонија, изјави Јотова.
Според Јотова, тоа е исклучително важно, бидејќи постојат различни опции во врска со процесот на преговори на Македонија со ЕУ, според кои одредени текстови ќе бидат напишани во првото поглавје или ќе се создаде дополнително поглавје по сите други и процесот на преговори за него нема да биде затворен сè додека не се расчистат односите меѓу Бугарија и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.