Косовската полиција го истражува случајот на Валдета Блаца (45), припадничка на полицијата на Косово, која вчера го уби своето семејство, а потоа си пресуди и самата. Во домот во Гњилане Блаца со службениот пиштол пукала во мајката Нанифа (66), таткото Зекир (70) и двајцата браќа Блерим (33) и Фисник (34).

Како што пишуваат албанските медиуми, мотивот за масакрот бил што на Валдета ѝ дошло преку глава префрлањето од страна на семејството што никогаш не се омажила.

Наводно, роднина на семеството објаснил дека нерешениот брачен статус на Валдета бил причина за кавгата во семејството, зошто родителите и браќата често ѝ сугерирале дека треба да се омажи. Семејството немало материјални или други проблеми.

Валдета утрото се појавила накратко на работа, во полициската станица во Гњилане.

Норамлно разговараше со колегите, ништо не навестуваше дека планира нешто. Попладнето замина дома, каде од засега непознати причини наводно се скарала со родителите и браќата, рекол извор за „Новости“.

Албанските медиуми пишуваат дека Блаца била лечена во психијатриска болница, од каде до полицијата стигнал допис да ѝ се одземе оружјето и да биде префрлена на друго работно место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.