На таблата пред влезот на еден ресторан во Грац, Австрија, осамна натпис кој ги шокира сите оние кои го виделе. На таблата пишува: „Не за повратниците од Хрватска“.
Тоа го направив поради грижа за моите редовни гости. Немам ништо против оние кои се враќаат од Хрватска, воопшто немам, но не сакам да го ризикувам здравјето на моите гости, изјави газдата на ресторанот Франц Ерат, за австрискиот поратл ое24.ат.
Тој додава дека ги поддржува напорите и потезите на австриската влада потсетувајќи на изјавата на премиерот на Австрија, Себастијан Курц, кој рече дека вирусот пристигнува во автомобили, алудирајќи на повратниците од Хрватска.
Натписот предизвика гнев кај Хрватите и Австријците кои сметаат дека ова е претерување. Многумина веруваат дека ова е дискриминација и дека ресторанот ќе банкротира затоа што не планираат да го посетуваат по ваквиот потег.
Во принцип, нема да одам таму да јадам, изјавува еден. Не планирам да заминам во Хрватска, но знам каде со сигурност нема одам, наведува друг во коментарите. Ова е чиста дискриминација. Некој треба да поднесе тужба против ресторанот, вели коментар на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.