Контролата на лет од белградскиот аеродром на трогателен начин синоќа се прости од Монтенегро Ерлајнс.
Монтенегро ерлајнс, ако е ова навистина последно полетување од Белград, ви благодариме на соработката. Беше големо задоволство да се сорабтоува со вас. До некое наредно слушање ви го посакуваме секое добро, се зборовите од контролната кула.
На тоа следувал одговор на пилот од Монтенегро ерлајнс.
Да ова е последно полетување од Белград, ама се надеваме дека повторно ќе се слушнеме. Ви благодариме на се – рекол тој.
Инаку авионите на црногорскиот авио превозник Монтенегро ерлајнс, од денеска веќе нема да лета. Владата на Црна Гора ја згаснува оваа авиокомпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.