Во Хрватска денес е последниот ден од кампањата на претседателските кандидати, пред започнувањето на предизборниот мок кој ќе настапи на полноќ, пренесува „Танјуг“.

Првиот круг на претседателските избори ќе биде одржан во недела, 22 декември, а 3.855 милиони гласачи ќе одлучуваат за тоа кој ќе влезе во вториот круг, кој е сѐ поизвесен.

Речиси на сите анкети, како водечки три кандидати се издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која ја има поддршката на владеачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидатот на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Кандидати за претседател се и: Недељко Бабиќ (ХШЧКШ), Анто Ѓапиќ (ДЕСНО), независните Дарио Јуричан и Мислав Колакушиќ, кандидатот на ХСЛС Деан Ковач, независната Далија Орешковиќ, Катарина Пеовиќ (РФ) и Иван Пернар (СИП).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.