Американската државјанка Рејчел Меккју е пронајдена синоќа околу 22:50 часот после потрагата во која учествувале неколку стотини полицајци, заедно со вработените од Амбасадата на САД.

Рејчел е пронајдена од страна на патрола на српската полција, во близина на Калемегдан. Повеќе од 100 луѓе од амбасадата на САД биле вклучени во потрагата.

Девојчето е добро, не е повредено и одведено е во полициска станица од каде родителите ќе дојдат по неа.

Да потсетиме, Американската амбасада вчера прогласи паника, а сите вработени добија така наречено „црвено предупредување“ за да учествуваат во потрагата по исчезнатото девојче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.