Денеска се навршуваат три години од бруталното убиство на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ  Марјановиќ (33), чија смрт не престанува да ја интригира јавноста.

Несреќната жена на 2 април 2016 година со сопругот Зоран и нивната ќерка Јана отишле на насипот Црвенка во Борча на трачње. Убиецот тогаш ја пресретнал и и задал девет удари во глава со непознат предмет, оставјќи ја во водата на каналот. Телото на Јелена најдено е наредниот ден, а од тогаш до денеска не се разјаснети околностите на злосторството, кое полни три години е завиено со мистерија.

Јелена на сцената се појави со само 13 години, а после долг период на наговор на сопругот се врати на сцената. Како што тогаш рекла, сите очекувале да се појави девојче, а се појавила зрела жена.

Додека била на пауза од сцената, пејачката се омажила, добила ќерка, но го изгубила таткото кој и бил најголема поддршка во кариерата. Во своето последно интервју се борела да не пушти солзи поради загубата на татко и.

За жал, го изгубив татко ми, кој беше со мене, кој ме поддржуваше. Но како што велат, некаде губиш, а некаде добиваш. Еве во меѓувреме, јас се омажив, веќе имам и ќерка од 4,5 години. На иницијатива на сопругот се враќам на сцената – порача тогаш пејачката.

Животот е за борци. Или си лав или те нема. Знам колку татко ми го сакаше моето пеење, сакам да му ја исполнам таа желба – зборуваше тогаш Јелена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.