Парламентот на Србија ја усвои измената на Законот за надомест за користење на јавните добра. Ова значи дека патарините на сите патни правци во Србија поскапуваат за 12 отсто, а од работната група која го подготвуваше нацрт законот наведуваат дека со ова зголемување се прави делумно согласување со барањата на Европската Унија со што цената на патарината ги покрива реалните трошоци за одржување на патната инфраструктура.
Според новиот ценовник, патарината од Нови Сад до Белград би чинела 235 динари наместо досегашните 210 динари, а од Белград до Суботица ќе мора да платите 627 динари наместо досегашните 560 динари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.