Во соседна Србија денес се вклучени жолт и портокалов метео аларм за многу силен ветер, соопшти српскиот хидрометеоролошки завод.

Се очекува најсилниот ветер да помине низ подрачјето на Белград, Банат и Поморавие.

Исто така и од авто мото сојузот на Србија ги предупредуваат возачите да внимаваат на патиштата поради ветерот кој што може да им попречи во сообраќајот, да внимаваат на паднати дрвја или одрони по патиштата.

Иако според Хидрометеоролошкиот завод во Србија денес се предвидени максимални 21 степени највисоки во Белград и околината, сепак тие тешко ќе можат да се почувствуваат поради огромната брзина на ветерот кој достигнува и до 30 метри во секунда.

Во Македонија денес според метеоролозите се очекуваат максимални дневни температури од 15 до 21 степени целзиусови. Со претежно облачно време и повремени сончеви периоди, но без поголема веројатност за врнежи. Додека во текот на вечерта се очекува ново наоблачување кое ќе ни донесе врнежи кои ќе се задржат и утре, петок во текот на попладнето.

За утрешниот ден синоптичарите најавуваат мал пат на дневните темпертури и максимални 18 степени.

Додека за викендот метеоролозите најавуваат врнежи во сабота и тоа повремени со умерен ветер и температури до максималниот 18 степен. А за во недела се најавени максимални 23 степени целзиусови, но со поголема детабилизација на времето со поројни дождови и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.