Во последните 24 часа се регистрирани 4443 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува вкупно 33.760.

Од нив 2378 пациенти се во болница, од кои 289 пациенти се на респиратор.

Во последните 24 часа, од последиците на вирусот починале 50 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, регистрирани се вкупно 544.330 лица заразени со коронавирус, од кои 9.986 починале, вкупно оздравеле 500.584 лица, од кои 4.695 во последните 24 часа.

Во моментов во самоизолација во Хрватска се 24.144 лица. До денес се тестирани вкупно 3.288.144 лица, од кои 12.911 во последните 24 часа.

Заклучно со 15.11.2021 година потрошени се 3.871.196 дози вакцина, а вакцинирани се 50,76% од вкупното население и 60,66% од возрасната популација.

На ден 15.11.2021 година аплицирани се 19.884 дози вакцина, од кои 12.149 лица се вакцинирани со првата доза.

Заклучно со 15.11.2021 со најмалку една доза се вакцинирани 2.060.023 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.