Поранешниот претседаел на Словенија Милан Кучан запрашан за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, поранешниот претседател на Словенија рече дека таков документ „очигледно постои“.
„Сега излезе дека во Брисел е познато кој е неговиот автор, како и содржината, но тие не сакаат да го откријат поради неговиот погубен ефект врз меѓународните односи“, рече тој.
Кучан смета дека Словенија не може да има поинаков став од оној со кој тргна во процесот на независност на државата – дека сите републики имаат право на свои држави и дека распадот на Југославија треба да заврши во рамките на постојните граници.
„Значи, не е можно прекројување на границите“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.