Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на шест години затвор заради примање мито при продажбата на нафтената компанија „Ина“ на унгарски „МОЛ“.
Санадер не дојде на изрекување на пресудата.
Поранешниот премиер на Хрватска, кој беше осуден дека во 2009 година примил мито од тогашниот директор на „МОЛ“ Жолт Херњади, веќе еднаш беше осуден за овој случај, меѓутоа пресудата ја укина Уставниот суд.
Жупанскиот суд во Загреб во 2012 година го осуди Санадер во 2012 година за истото дело на седум и пол години затвор.
Иво Санадер се договорил со Херњади дека за сума од 10 милиони евра ќе му го препушти на ‘МОЛ‘ одлучувачкиот глас во работењето на ‘Ина‘. На седница на Владата, тој побарал да се прифати извештајот со кој на ‘МОЛ‘ му се препушта управувањето со ‘Ина‘, што било и прифатено“, изјави судијата при изрекувањето на пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.