Бугарската агенција за национални приходи почнала истрага против поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов.

Како што објави ТВ НОВА, поранешниот министер од владата на Бојко Борисов во моментов е под истрага како физичко лице.

Можеби ќе треба да се проверат и неговите компании, доколку се утврди несовпаѓање помеѓу приходите и расходите – објави Националната агенција за приходи на Бугарија.

Горанов во Бугарија се поврзува со еден од најголемите олигарси Делјан Пеевски, кој се најде под удар на американскиот закон насочен против корупцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.