Поранешната сопруга на бугарскиот премиер, Бојко Борисов – д-р Стела Костова на социјалните мрежи сподели дека е скршена од тага по смртта на е едно од своите миленичиња. Оваа докторка која живее во Калифорнија, САД со години чува две кучиња, Ира и Бетина и два папагали со необични имиња Хемингвеј и Сервантес.

Како што објави „Ретро.бг“, пред неколку дена таа изгубила една од своите омилени птици.

Почивај во мир, драг мој Хемингвеј. Срцето ме боли и секогаш ќе ми недостига твојата убавина, топлото свиленкасто тело, сините очи, разиграноста и песните што ме радуваа и се гордеев со тебе каков прекрасен мал папагал беше. Толку мало суштество, а болката од неговата смрт е голема. Сервантес е вознемирен и ја бара неговата песна – напиша Косотва.

Папагалот Хемингвеј

Мајката на единствената ќерка на бугарскиот Премиер важи за голем љубител на животните и е посебно грижлива кон бездомните. Таа честопати е вклучена во кампањи за спасување на кучиња и мачки скитници и редовно апелира до нејзините следбеници на социјалните мрежи да бидат полни со симпатии кон напуштените животни и да им помагаат кога можат. Костова вели дека кога купува храна за своите кученца, мора да земе неколку пакувања вишок и за гладните животни на улиците.

Д-р Костова е неразделна од нејзините кучиња Ира и Бетина, па дури и во ретките случаи кога се враќа во Бугарија, нејзините кучиња задолжително летаат со неа преку океанот.

Во САД таа првично работела како специјалист по својата струка – офталмологија, но подоцна дипломирала интерна медицина. Во болницата каде што работи има големо Ковид одделение и д-р Костова работи токму со овие пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.