Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се јави на „Твитер“ откако се врати од тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, кој беше прекинат откако беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е позитивен на коронавирус, исто како и Борна Ќориќ и кондициските тренери на Новак Ѓоковиќ и Димитров.
Грабар-Китровиќ го следеше турнирот од трибините во придружба на нејзиниот сопруг Јаков и истакна дека сè на трибините било во согласност со препораките.
Таа истакна дека нема потреба од тестирање затоа што, како што тврди, немала никаков контакт со играчите.
Hvala svima koji brinu. Uvijek bodrim naše sportaše. Tijekom @cilic_marin meča tribina je bila po preporukama stožera. Nema potrebe za testiranjem, nisam imala nikakvih kontakata s igračima. Samo oprez i distanciranje ovih dana.
— Kolinda GK (@KolindaGK) June 22, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.