Габриела Жалац, поранешна хрватска министерка за регионален развој, денеска е уапсена поради измама што се случила додека била на чело на Министерството, со што државата ја оштетила за околу два милиони евра.
Вкупно се уапсени четири лица под сомнение за измама во Министерството за регионален развој и фондовите на ЕУ. Канцеларијата на Европското јавно обвинителство, во соработка со хрватската национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал, денеска спроведува итни доказни дејствија во Хрватска, соопшти Европското јавно обвинителство.
Наведените дејствија се однесуваат на четири лица осомничени за сторени кривични дела во Министерството за регионален развој и фондовите на ЕУ и во Централната агенција за финансирање и склучување договори за програми и проекти на ЕУ (ЦФЦА), поврзани со постапки за јавни набавки за ИТ персонал, пренесува порталот Индекс.хр.
По распитот на поранешната министерка, обвинителите ќе донесат одлука за понатамошно постапување во овој случај.
Жалац е уапсена бидејќи работела со софтверска компанија Која ја договорило Министерството додека таа била на чело на фирмата. Станува збор за работа вредна околу два милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.