Врховниот суд во Загреб денес правосилно го осуди поранешниот хрватски премиер и претседател на партијата ХДЗ Иво Санадер на четири и пол години затвор.
Тој е осуден поради кривично дело примање и давање мито во случајот „Планинска“. Санадер е осуден поради 17 милиони куни, кои ги побарал и примил од Стјепан Фиолиќ, чија фирма на министерството за регионален развој му продала зграда во загрепската улица Планинска.
На една година условен затвор е осуден човекот чија фирма ја зголемила вредноста на зградата, како и Фиолиќ, кој ја призна вината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.