Најголемите криминални кланови на Балканот, како тој на Веља невоља, кавачкиот и шкаљарскиот користеле посебна апликација за комуникација, пишува „Информер“. Но, тоа не е ниту Вибер ниту Месенџер ниту Телеграм какви што сите користиме.

Станува збор за апликацијата „Sky“ која за брзо ја стекна популарноста кај криминалцте од регионот.Станува збор за апликација која не може да се симне од ниту еден т.н „Плејстор“, туку за неа се плаќа претплата од 50 до 200 долари.

Скај не работи на сите телефони туку само на неколку и ако ја имате оваа апликација не можете да ги користите Фејсбук и Инстаграм.

Убавината е што нивните сервери не ја зачувуваат историјата на комуникациите. Тоа значи дека сите пораки, фотографии и разговори се бришат веднаш штом бидат видени од тој на кому му се испратени.Доколку корисникот не ги види за 24 часа автоматски исчезнуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.