Жителите на зградите на Нов Белград деновиве добиле несекојдневно соопштение кое било истакнато во влезовите на зградите на главниот град на Србија.

Се информираат станарите во зградите дека на 17 јануари 2019 во официјална посета на Република Србија ќе допатува Владимир Путин, претседателот на Руската федерација заедно со делегацијата. Поради тоа, но и поради безбедноста на рускиот претседател ве замолуваме тој ден да не излегувате на терасите на зградата и да ги не отворате прозороците за време на посетата, пишува во соопштението.

МВР на Србија презема максимални мерки на обезбедување, што подразбира измена на режимот на сообраќајот во одредени делови на Белград. Секој вид движење по трасата по која ќе се движи Путин ќе биде забранет како и објектите кои тој ќе ги посети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.