Мобилна единица на Националната организација за јавно здравје на Грција, и покрај силниот ветер, стигнала на малиот, оддалечен грчки остров Кинарос за да ја вакцинира единствената жителка на островот, 76-годишната Ирини Кацотурхи.
Градоначалникот на соседниот остров Аморгос, Лефтерис Карајску за грчката телевизија ЕРТ откри дека „госпоѓа Рињо“, како што во Грција ја нарекуваат Кацотурхи, пред една седмица изразила желба да се вакцинира.
Отидовме со поштата, која на островот се доставува на 15 дена. Имаше силен ветер, отидовме со докторот и медицинската сестра и ја вакциниравме. Сѐ помина во ред. Мислам дека пораката што единствената жителка ја испраќа од Кинарос, е јасна. Тоа е порака на одговорност кон самите себе и кон општеството – вели Карајску
Во однос на патувањето до Кинарос, градоначалникот објасни дека под нормални услови трае еден и пол час, а сега им биле потребни четири и пол часа за да стигнат, поради силниот ветер и лошото време.
Ирини Кацотурхие родена на Аморгос, но израснала на Кинарос. Откако се омажила поминала извесно време со сопругот и децата во Австралија, а по враќањето, со нејзиниот сопруг во 2000 се преселиле на Кинарос. По смртта на сопругот во 2013, таа веќе осум години живее сама на островот
Неопходните продукти на островот се носат еднаш седмично од соседниот остров Аморгос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.