Криминална група собрана околу Вељко Беливук, наречен Веља Невоља и Марко Миљковиќ Маре е осомничена за убиството на навивачот на Црвена Звезда, Здравко Радојевиќ (41), а според изворот на Курир.рс, Невоља и Маре му објавиле војна преку графит!.
Убиството на Радојевиќ практично е причината за нивното апсење, а се теретат и за егзекуцијата на навивачот на Партизан, Горан Величковиќ, како и поранешниот член на групата „Пинк пантер“, Милан Лeпоја.
Според изворот на Курир, Радојевиќ бил од белградската населба Котеж, кој важи за дел од градот каде што доминантни се навивачите на Црвена звезда, а Радојевиќ важел за еден од најистакнатите „делии“, но и дилер на дрога во таа област. Исто така, Радојевиќ бил во добри односи со Миљковиќ, но меѓу нив дошло до раскол кога „Принципи“, навивачката група формирана од Невољa почнала да влегува на територијата на Радојевиќ. Тие наводно му барале рекет, но тој одбивал да им даде, па преку графитот сакале да го испровоцираат.
„Принципите“ сакаа да го заземат целиот град, вклучително и Котеж, кој се смета за регион на Звезда. Се зборува дека конфликтот со Радојевиќ почнал кога „Принципи“ го пресликале муралот посветен на братот на Здравко, Александар, исто така член на „делиите“, кој починал во 2015 година. Преку тој мурал, „Принципи“ на црна позадина нацртале череп, симбол на нивната навивачка група, и напишале „Од принцип”. Многумина го толкуваа ова како објава на војна на Радојевиќ, вели изворот.
Според него, Здравко тоа веднаш го сфати како провокација, но и закана.
Тој протестираше поради тоа и наводно бараше „Принципи“ да го отстранат нивниот графит, верувајќи дека тие го осквернавеле споменот на неговиот покоен брат. Тоа силно го погодило, вели соговорникот.
Радојевиќ наводно преку посредник барал од Беливук и Миљковиќ да ги избришат графитите и да не се мешаат на неговата територија.
Невоља и Маре го искористија тоа и го намамија Радојевиќ да дојде на состанокот со цел да го реши неговиот проблем. Па така, Немања Лакичевиќ, по наредба на Беливук и Миљковиќ, му рекол на Радојевиќ да дојде на паркингот „Ласта“ на автопатот Белград-Ниш на 10 ноември, без телефон. Кога дошол Радојевиќ, излегол од својот автомобил и влегол кај Лакичевиќ, кој го одвезол до викендичката во Ритопек. Радојевиќ никогаш не излегол од таа викенд куќа, вели изворот и додава дека истражителите се сомневаат дека Радојевиќ бил убиен и распарчен „од безобзирна одмазда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.