Подгорица, 5 септември 2021 (МИА) – Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ објави дека е уапсен Веселин Вељовиќ, советник на претседателот на државата поради немирите во Цетиње.

Според РТЦГ уапсени се и други пет лица.

Ја известувам јавноста дека брзата полициска акција, која ја наредив, само што стави лисици на Веселин Вељовиќ, објави Кривокапиќ на Твитер.

Вицепремиерот Дритан Абазовиќ објави видео на Твитер и напиша дека се гледа како Веселин Вељовиќ и група пратеници на ДПС го започнале нападот врз полицијата утрово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.