Кабинетот на претседателот на Хрватска информира дека посетата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и присуството на настанот по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат кон Нова Била и Босна Сребрена“, најавена за денска се откажува од безбедносни причини.
Одлуката за откажување на посетата се заснова на безбедносната проценка на надлежните институции на Република Хрватска. Претседателот Милановиќ изразува жалење што нема да учествува на одбележувањето на овој значаен настан за Хрватите од Лашванска долина и изразува силна поддршка и благодарност до организаторите за зачувување на споменот на хуманитарниот конвој – се наведува во соопштението од Кабинетот на хрватскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.