Засилена е безбедноста на црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ, бидејќи постојат индиции дека припадници на криминалниот Кавачки клан се подготвувале да го ликвидираат, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, образложувајќи дека таквите информации се добиени со преземање мерки и активности за расчистување на убиството на Зоран Ашанин, кое се случи влера во градот Мојковац.

Во конкретниов случај, собраните информации укажуваат на намерата на членовите на организираната криминална група Кавачки клан и еден од неговите лидери, Слободан Кашчелан, како реакција на неговото лишување од слобода и натамошно процесуирање заради активности насочени кон извршување кривични тела на тежок и организиран криминал, да преземат активности на загрозување на животот на вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Црногорското МВР посочува дека, имајќи ја предвид важноста на претходно реализираните активности и свесни за фактот дека членовите на оваа организирана криминална група се дел од пошироките регионални структури со многу силни врски на транснационално ниво, чија клучна карактеристика е бескрупулозно извршување на повеќето сериозни злосторства, како и фактот дека секоја активност насочена кон загрозување на физичкиот интегритет на носителите на високи државни функции, ја дестабилизира поволната, но многу сложена безбедносна состојба „без понатамошни одлагања, а во соработка со други државни институции, преземени се дополнителни мерки и активности за заштита на безбедноста на г-дин Абазовиќ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.