Во седум општини во Србија е воведена вонредна состојба поради надојдените реки по обилниот дожд, изјави претсавникот на српското Министерство за внатешни работи, Горан Николиќ.
Поради надојдените води посебно е критична состојбата во западниот дел на Србија.
Во моментот најкритично е во општините Љубовија и Гуча, бидејќи таму врне од утрово. Добро е што почна да се намалува нивото на надојдената вода каде што беше критично во текот на ноќта – Лозница, Крупањ, Осечин, таму се подобрува ситуацијата, посочи Николиќ.
Во неколку населени места надојдената вода поплави десетици објекти, еден мост е урнат, а 48 луѓе се евакуирани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.