Силна бура ја погоди вчера Грција, па стотина домови беа поплавени во Атина.

Спасувачите се подготвуваат со хеликоптери да спасуваат луѓе заробени на крововите од зградите и од оддалечението области на северозападниот остров Крф, рекол министерот за цивилна заштита и климатски промени Христос Стилијанидес.

„Нема сомнеж дека сме соочени со опасна временска појава која е многу сериозна во некои делови од земјата“, рекол тој.

На островот Евиа најмалку три области погодени со шумски пожари во август се евакуирани.

Неколку десетици луѓе се евакуирани од домовите на северот од островот и ќе бидат сместени кај пријатели или во хотелите кои ги обезбедиле регионалните власти.

Пожарникарните служби добиле повеќе од 300 повици за испумпување на вода од поплавените домови, јавуваат властите.

Десетина возила останале блокирани на поплавените патишта, а луѓето биле приморани да ги напуштат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.