Грчката влада прогласи вонредна состојба во два града, Кастели и Трапсанос, во регионот Хераклион на Кри.

Причина за ваквата одлука се обилни дождови кои предизвикаа појава на поплави и масивно лизгање на земјиштето.

Заменикот-министер за цивилна заштита за управување со кризи, Никос Хардалиас, кој ја прогласи вонредната состојба, соопшти дека таа ќе биде на сила шест месеци, односно до 6 мај 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.