Поради обилните врнежи дожд, што паѓаат со денови, неколку реки во Херцеговина се излеаја од коритата.

Најсериозна е состојбата во областа Чапљина, каде се поплавени дворови, патишта и земјоделски површини.

Неколку семејни куќи и помошни објекти лоцирани покрај реката Требижат се загрозени поради зголемениот водостој. Оваа река се излеа во дворовите на семејни куќи и поплави неколку подруми, а поплавите се закануваат и на станбени згради.

Најлоша е состојбата во местото Струге, јужно од Чапљина, а водата доаѓа и во населените места Грабовине и Требижат, каде се поплавени земјоделски имоти, локални патишта, но и помошни објекти.

Обилни врнежи дожд се најавени и во следните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.