Тлото во Хрватска не мирува, па така, денеска прилично силен земјотрес во 18:01 часот ја потресе областа на Петриње.

Потресот траел околу 10 секунди, а според првите податоци на ЕМСЦ, големината била 5,3 степени.

Според првите податоци, епицентарот бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, во областа Петриње, каде што пред девет дена се случи силен замјотрес од 6,2 степени во кој загинаа седум лица.

Засега нема информации за настрадани во најновиот потрес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.