Пописот во Бугарија заврши. Податоците од последниот ден сѐ уште не се сумирани. До 9 октомври, 82 отсто од населението во земјата, што е 5 милиони и 657 000 луѓе, се преброени во Бугарија.

Директорот на Националниот статистички институт на Бугарија Сергеј Цветарски изави дека очекува од сабота и недела да бидат преброени повеќе луѓе, јави дописникот на МИА од Софија.

Цветарски рече дека ова е низок процент, но оваа ситуација настана од повеќе причини. Според него, населението во Бугарија ќе се попише со дополнителни информации од административна природа. Според Цветарски, вистинскиот број нанаселението во Бугарија треба да биде помал од 6 милиони и 916 000, како што објави статистичкиот институт заклучно со 31 декември, 2020 година.
Директорот на НСИ истакна дека пописот е единствен поради комбинацијата на голем број негативни фактори и на прво место хакерскиот напад на почетокот на пописот, што одби многу луѓе од електронскиот попис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.