Советот на министри на Бугарија на својот состанок донесе одлука за започнување на Пописот на населението и станбениот фонд на 7 септември во 2021 година и да заврши во 20 часот на 3 октомври, јави дописникот на МИА од Софија.

Пописот со пополнување на електронска картичка за попис ќе се спроведе преку интернет од 7 септември 2021 година до 17 септември 2021 година.

Промената во периодот на пописот во 2021 година е неопходна поради епидемиското ширење на ковид-19 и постојниот ризик по здравјето на попишувачите и граѓани, бидејќи активноста бара директен контакт со поединци и посета на домаќинства и домови.

Периодот е во согласност со барањата на Регулативата (ЕЗ) № 763/2008 на Европскиот парламент и на Регулативата на Советот и Комисијата (ЕУ) № 2017/712 дека најголемото сеопфатно статистичко истражување треба да се спроведе во тековната 2021 година во целата Европска унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.