Повеќе од 60% од бугарските хотелиери имаат намера да ги намалат цените на летните пакети за одмор, покажа истражувањето на Националниот институт за статистика (НСИ) на Бугарија.

50,4% од испитаниците планираат на своите клиенти да им понудат алтернативен период за користење на веќе направените резервации. Во исто време, 62,5% од нив имаат намера да ја намалат цената на пакетот за летување, а 52,1% цената на едно ноќевање.

Според анализите, и во Хрватска се очекува пад на цените за сместување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.