Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, заедно со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, ја посетија грчко-американската воена база во рамките на НАТО на Крит. Оваа посета доаѓа на вториот ден од посетата на Помпео на Грција.

Помпео претходно се состана и со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

На состанокот, неколку дена откако Грција и Турција ветија дека ќе продолжат со дипломатскиот дијалог за спорот што летово предизвика стравувања од воен конфликт во спорната област во источен Медитеран, тие се согласиле дека САД и Грција имаат заеднички ставови за источниот Медитеран и ја потврдиле нивната убеденост дека поморските гранични спорови треба да се решат мирно.

Во октомври минатата година, Помпео ја посети Атина и потпиша ревидиран договор за воена соработка со Грција, кој предвидува зголемување на заедничките активности на САД и Грција и на НАТО во три бази во Грција.

Програмата за посетата на Помпео вклучува потпишување договор за соработка на САД со Грција во науката и технологијата, состанок со бизнисмени од енергетскиот сектор за диверзификација на енергијата и инфраструктурни проекти во Грција.

За време на турнејата, Помпео ќе ги посети и Италија, Ватикан и Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.