Иако се мисли дека Јосип Броз Тито бил најмоќниот човек во поранешна Југославија тоа сепак не е така. Човекот од сенка кој ги имал сите конци во рацете е Стане Доланц. Овој Словенец бил долгогодишен министер за внатрешни работи и човек во кој Тито имал голема доверба.
Доланц имал голема контрола и на тајните служби па така се зборува дека и Аркан бил под негова контрола.
Но, особена нетрпеливост кон Доланц имала сопругата на Тито. Таа јавно говоела дека Доланц е германски таен агент и оти работел да ја растури Југославија.
Тој сакаше да ме реши бидејќи знаев дека е член на Хитлерјугенд и дека работеше за германската тајна служба. За Тито велеа лесно ќе се спрвиме со „Стариот“ но со Јованка тешко ќе излеземе на крај-говореше вдовицата на Тито непосредно пред смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.