Повеќе од половина, односно 50,2 отсто од населението на Кипар е целосно вакцинирано, додека пак 64,6 проценти примиле најмалку една доза.
Од Министерството за здравство соопштија дека со тоа е постигната првата цел за вакцинација на 65 отсто од населението со најмалку една доза од вакцината во првата половина од годината.
Во однос на старосните групи, најголем е процентот кај лицата на над 70-годишна возраст, односно 91,7 отсто од граѓаните меѓу 70 и 79 години примиле најмалку една доза, како и 92,2 проценти од оние над 80 години.
Од вчера, отворена е платформата за пријавување и закажување термин за вакцинација за децата над 16 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.