Двајца полицајци од Панчево, Синиша Ј. (29) и Саво П. (35), биле уапсени вчера по кражба на 800.000 динари (400.000 денари) од пошта во Јагодина, а се доведуваат во врска и со други кражби.
Се истражуваат активностите на овој тандем, но и тоа дали краделе за да вратат долгови кај лихвари. Според сегашните оперативни сознанија опљачкале уште најмалку три пошти во Нови Сад, Смедерево, Параќин, а можеби и во Пожаревац. Интересно е дека земале слободен ден за да пљачкаат и тоа во деновите кога има исплата на пензии, зашто тогаш има најмногу пари во помалите пошти, рекол соговороник од истрагата на Блиц.рс.
Блиц дознава дека Внатрешната контрола на МВР на Србија дошла до оперативни сознанија дека токму полицајците се можни извршители на грабжите, па биле ставени под надзор и сомнежите се потврдиле во понеделникот кога ја извршиле последната кражба. Биле вооружени со пиштоли, ѝ се заканиле на поштенската работничка, а штом ги земале парите, влегле во бело пунто и избегале. Препаднатата жена пријавила, а полицијата ги фатила додека бегале кон Крагуевац.
Полицајците пљачкале маскирани, но едниот од полицајците им бил впечатлив на вработените во поштите. Има изразито зелени очи и сите вработени од опљачканите пошти го истакнувале тој факт при увидот на полицијата. Полицаецот бил познат и меѓу колегите по очите, па не им било тешко да се посомневаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.