Словенечката Влада ги продолжи ограничувачките мерки против корона вирусот, вклучително и забрана за собирање, движење меѓу општините, ноќен полициски час, запирање на јавниот превоз и затворање на продавници кои не продаваат суштинска стока.

На сила остануваат и мерките на претпазливост, како што се носење маски на отворено и затворено и миење раце.

Сепак, донесена е одлука за отворање за јавноста на историско-културните и археолошки локалитети или ботаничкото наследство, како и библиотеки и други културни институции.

Владиниот портпарол, Јелко Кацин, за ТВ Словенија изјави дека Владата ќе разговара со претставници на здравствени установи и компании со цел да се консултира за одлуката за потенцијалните измени на одлуката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.