Голем број српски туристи веќе се упатија на летување, ама грчките власти решија ништо да не препуштаат на случајот, така што ако по некој случај добиете температура, полицијата ќе ве одведе во карантин.
Доколку некој од туристите биде позитивен на коронавирус во Грција, ќе оди во карантин во траење од 14 дена, додека другите членови на неговото семејство со кој дошол на летување, ќе бидат вратени дома.
Дека тоа се случува сведочи еден пар од Ниш, кој летува во Паралија. Како што се дознава, нив полицијата ги одвела во изолација.
Ова е причина добро да размислите каде оваа година ќе одите на летување.
Друга варијанта е да се уплати здравствено осигрување во случај да сте заразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.