Вчеравечер послед 23 часот, босанската полиција интервенираше во кафулето „Kafe Laundž Legato“ во селото Ѓурѓевиќ кај Тузла. Но, според видеото кое се рашири низ регионот, се гледа како полициските службеници брутално и со тегнење ги вадат гостите надвор од локалот, затоа што работното време на угостителските објекти е 23 часот.

Сопственикот Елвис Шариќ пред јавноста се пожали на нивната реакција, која според него е претерана.

Моето кафуле, кое го водам со брат ми, максимално може да прими 80 гости, а вчера имаше од 20 до 25 луѓе. Околу 23 часот пристигна полициска патрола. Се занимавам и со музика и во својот локал имаме свирки во живо. На видео-снимката јасно се гледа. Гостите од кафулето на сила ги исфрлаат. Немаше потреба за тоа, вели сопственикот.

Тој додава дека ќе пријави дел од полицајците затоа што постапувале крајно непрофесионално.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забележани се 556 новозаразени, а тестирани се вкупно 1.516 лица. Досега се тестирани 181.407 примероци во Федерацијата, а корона вирусот е потврден кај 22.209 лица, пренесе Кликс.ба.

До денеска, излечени се 17.262 пациенти, а активни се 4.321 случаи.

Бројот на жртви е 626.

Во Република Српска регистрирани се нови 177 случаи со корона вирус, а починале тројца пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.