По испрашувањето на директорот, лекарите и медицинскиот персонал во болницата во Цетиње, Црна Гора, каде што на митрополитот Амфилохије му беше дијагностициран коронавирус, од Подгорица Вијести пишуваат дека лекарите не смееле да дозволат пациентот да одбие тестирање доколку симптомите укажуваат на инфекција.
Објавено е дека инспекторите проверуваат дали сите постапки се спроведени во согласност со мерките на Институтот за јавно здравје и дека изјавите на медицинскиот персонал ќе бидат доставени до обвинителството, со што ќе се утврди дали има елементи на кривична одговорност.
Пред неколку дена, болницата во Цетиње објави дека митрополитот Амфилохије одбил да се тестира за коронавирус, сметајќи дека нема потреба од тоа. По прегледот на митрополитот, лекарите објавија дека тој има бронхитис.
Но подоцна на митрополитот му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус, па тој итно беше пренесен во ковид-болницата во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Од Митрополијата соопштија дека неговата здравствена состојба е стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.