Инспекторите на српската криминалистичка полиција го надгледуваат денешниот погреб во Алексинац на брутално убиените членови на семејството Ѓокиќ.

Со оглед на тоа што убиецот на семејството Ѓокиќ се уште не е пронајден, полицијата е на готовност, поради што покрај видливото униформирано обезбедување, на лице место на погребот се распоредени и инспектори во цивилна облека.

Горан, неговата сопруга Гордана и нивната ќерка Лидија Ѓокиќ, беа брутално убиени,помеѓу 26 и 27 септември во реонот на селото Моравац, во билина на градот Алексинац.

Истрагата покажа дека семејството Ѓокиќ е убиено со неколку истрели во пределот на градите и главата, најверојатно додека биле во својот автомобил „пасат“ на темниот пат во атарот на селото Моравац.

На 12 километри од тоа место, во селото Тешица, полицијата го пронашла нивното возило, кое исто така било изгорено.

Засега нема осомничени лица за убиството, а мотивите за бруталната ликвидација на тричленото семејство Ѓокиќ, остануваат мистерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.