Комуналната полиција во Белград во еден од клубовите на Ташмајден затекнала повеќе од 700 гости по завршување на работното време, пренесуваат српските медиуми. Полицијата наложила клубот веднаш да престане со работа.
Комуналната полиција затекна повеќе од 700 лица кои биле во објектот после 20 часот. Сцената беше неверојатна. Повеќе од 40 минути го празниме клубот и уште не можеме да го испразниме. Ги чекаме другите инспекции кои треба да го проверрат работењето на овој објект, изјавил за „Блиц“ директорот на комуналната полиција Иван Дивац.
Пред влезот на клубот, како што објавуваат медиумите имало уште 50 луѓе кои чекале да влезат/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.