Вооружен инцидент, во кој, според првичните информации, е убиено најмалку едно лице, се случи претпладнево во градот Гњилане, во источно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според порталот „Газета експрес“, најверојатно станува збор за повеќекратно убиство. Сведоци од местото на настанот изјавија за приштинскиот медиум дека се претпоставува оти една од жртвите е припадничка на полицијата на Косово.

Извори од косовската полиција потврдија дека во улица во близина на центарот на градот имало пукотници и дека постојат сомнежи за убиени лица.

„Косова прес“ пренесува дека полицискa службеничка во Гњилане убила четворица членови на семејството, а потоа се самоубила.

Од Основното обвинителство информираа дека настанот се случил денеска, околу 13 часот, а според првичните информации, пред да си го одземе животот, полицајката ги убила родителите и нејзините двајца браќа.

Единици на полицијата се излезени на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.