Припадници на новосадската полиција трагаат по маж за кој се верува дека поставил, а потоа отстранил експлозивна направа во зградата во која живее поранешниот полицаец Далибор Богдановиќ Боќа во Нови Сад. Првичните претпоставки на полицијата се дека засега непознатиот маж го ставил експлозивот во ранецот и го однел од зградата. Потоа ранецот му го дал на Ѓорѓе М. (27), кој се обидел да избега, но бил уапсен од полицијата недалеку од зградата каде живеел поранешниот полицаец. Како што дознава српски Блиц, еден од двајцата е приведен. Неофицијално, за приведеното лице постои сомнеж дека го донело експлозивот и избегало од влезот на полицаецот кој веќе трети пат е мета на бомбаши.

Ова е третпат 42-годишниот полицаец да е мета.

(фото: Ненад Михајловиќ / РАС Србија)

Пред две години на Богдановиќ му бил подметнат експлозив на истата адреса под негповиот џип, активиран со далечинско управување во момент кога излегувал од возилото. Тогаш бил тепшко повреден и му е ампутиран дел од левата нога. 

Во јануари годинава полициујата нашла мобилен телефон облепен со изолир на велосипедот на Богдановиќ паркиран во неговиот влез. Од телефонот излегувале жици кои веројатно требало да послужат за активирање експлозивна направа. Тоа било вторпат за неколку дена во зградата на Богдановиќ полицијата да наоѓа ваков предмет.

Богдановиќ е полицаец, кој поради проблематичниот карактер и контактите со разни сомнителни лица, бил распореден во администрација во Полициската управа во Нови Сад. Потоа е поставен за комесар за безбедност на ФК Војводина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.